|
Глобална цел на проектот беше поддржување на имплементацијата на Охридскиот рамковен договор преку развој на граѓанското општество во Македонија.
Специфична цел на проектот беше зголемување на организацискиот капацитет - одржливоста на ЦГИ и овозможување за поддршка на локални македонски, ромски и албански НВО да развиваат проекти од областа на здравствената заштита.
Проектната стратегија се равиваше преку три компоненти:
1. Зајакнување на организацискиот капацитет и одржливост на ЦГИ како и менаџирањето на проекните циклуси кај локалните НВО преку зиг заг методологија ( персоналот на ЦГИ се обучуваше за зиг заг методологија. Обучениот персонал на ЦГИ своето искуство го пренесе кај локалните македонски, ромски и албански НВО со што им овозможи да развиваат проекти од областа на здравствената заштита.)
2. Обезбедување на сопствен канцелариски простор на ЦГИ
3. Промоција на ЦГИ
Проектот се реализираше во периодот 01.12.2004 - 31.12.2005, а финансиер на овој проект беше Cordaid - Холандија.
|