Za nas

 
 

НАШАТА ВИЗИЈА

ЦГИ како водечка НВО во регионот има развиени партнерски односи со сите релевантни актери и ги задоволува интересите на граѓаните, а со тоа придонесува кон подобар живот во заедницата.

НАШАТА МИСИЈА

ЦГИ во соработка со невладини, владини организации и бизнис секторот ги  мотивира граѓаните да делуваат во изградба на граѓанското оп штество во РМ и пошироко.

КРАЈНА ЦЕЛ

Крајната цел на ЦГИ е сите граѓани да имаат еднакви човекови права, да бидат вклучени во процесите на одлучување и да имаат еднаков пристап во образованието.

ПОТЕНЦИЈАЛИ И РЕСУРСИ

ЦГИ беше формирана во мај 1997 како членска организација. Денес ние сме oрганизација со потeнцијален капацитет, кој вклучува:

 
  • Pрофесионален тим кој вклучува персонал од 10 ангажирани лица од кои 8 со полно работно време и 2 со половина работно време: извршен директор, заменик директор за програми, финансиски менаџер, 2 програмски координатори, проект координатор, адвокат, логистичар, технички секретар, проeктен асистент и шофер

 

  • Сопствена работна површина која покрива 100 метри квадратни;

 

  • Опрема: 6 десктоп компјутери, 4 лаптопи, фотокопир, ЛЦД проектор, ласерски печатачи, колорни печатачи, скенер, аудио и видео опрема (камери, рекордери, телевизори, диктафон и друга  опрема);

 

  • Центар за граѓанска иницијатива располага со библиотека која содржи над 500 наслови, поделени по следните сектори:
    1. Човекови права;
    2. Јавна администрација;
    3. Демократија;
    4. Литература за англиски јазик и информатичка технологија;
    5. Закони и прописи;
    6. Право;
    7. Адресари;
    8. Фондации и организации;
    9. НВО тренинг материјали;
    10. Стрес, траума, конфликти;
    11. Македонска и детска литература;

 

 

  • Видео документација за активностите на Центар за граѓанска иницијатива;

 

  • Сопствена база на податоци за контакти со активисти од НВО во Македонија.