| |
Во рамките на “Младинската програма 2000 за Македонија” финансирана од Фондацијата Институт отворено општество Македонија - Скопје, ЦГИ од 15 август 2000 година реализираше проект наречен "Вавилон младински работилници" кој егзистираше во корелација и континуитет со тогашните "Детско - малдински центри - Вавилон", а заврши во декември истата година. Овој проект беше насочен кон младинците (возрасти од 14 до 21 година) инволвирани беа веќе постоечките осум центри. Идејата беше организирање на серија тренинзи и работилници во рамките на центрите насочени кон младинците и родителите.
Проектот се имплементира во соработка со Фондацијата Институт отворено општесво - Македонија. Во програмата беа вклучени 950 младинци и околу 1000 родители на децата инволвирани во Вавилон центрите во градовите Прилеп, Велес, Крушево, Радовиш, Штип, Куманово, Тетово и Струга. Истиот подразбираше материјална поддршка на центрите и локалните невладини организации.
|
|