Jaknewe na samoodr`livata reintegracija vo Albanija provincijata Kosovo i Republika Makedonija preku zajaknuvawe na lokalniot NVO kapacitet so cel obezbeduvawe na uslugi na povratnicite

 
 

Со овој проект и неговите активности им помогнавме на македонските државјани кои биле надвор од границите на Република Македонија и кои се вратени (депортирани) во неа. Односно им обезбедуваме помош во повеќе сфери за нивно полесно и побрзо прилагодување во секојдневниот живот и обврските кои тој ги носи. Активностите беа насочени во повеќе сфери и сегменти како:

      Вработување

Поврзување со локални фирми со цел да им помогне на повратниците во зависност од нивното искуство да добијат работа на неколку месеци. Се обидовме да обезбедиме реинтеграција на повратниците  со цел да се адаптираат на постоечката економска ситуација, како и обид да се зголеми нивното самопочитување и шансите  подобро да се интегрираат во локалната заедница.

Асистенција при отпочнување на бизнис - самовработување. Ова беше еден од поважните и поинтересните сегменти. Имено на повратниците им се регистрираа фирми, им се помагаше во дополнителна едукација, им се помагаше во изработка на бизнис план, им се помагаше со набавка на основни средства за работа. Едноставно им се правеше основната база за самовработување во сопствен бизнис со можност за создавање работа и за своите блиски.  

       Стручни обуки

Беше воспоставена комуникација со едукативни центри (Работнички Универзитет) со цел да ги вклучи повратниците во стручни обуки. Типот на обуките беше одреден врз основа на предзнаењето на повратниците како и на нивната спремност  да се се вклучат во обуките. Ова им помогаше да ги надоградат своите вештини како и да научат нови. Ова влијаеше на процесот на реинтеграција на повратниците и придонесуваше во нивното адаптирање во локалната заедница.

            Едноставно со овој проект и неговите активности им дававме помош при адаптирањето во старо - новата околина и им помагавме во создавањето услови за работа и егзистенција.

            Овој проект се релизираше во периодот 01.11.2003 - 31.10.2005 година, а финансиер на проектот беше Европската комисија, преку национален координатор ИОМ Скопје, а ЦГИ беше имплементатор за делот на Прилеп.