|
Во периодот мај - септември 2001 година ЦГИ и некои други локални невладини организации, заедно со Заводот за заштита на спомениците на културата и природните реткости и Музеј-Прилеп и Локалната самоуправа, почнаа со активности за ревитализација и реставрација на старата Турска Бања во Прилеп. Истата е споменик од културата заштитен со закон.
Притоа од овие субјекти се оформи Работно тело што се вклучи во активностите на програмата "Живо наследство" која е финансирана од Белгиската фондација Крал Бодуин а се имплементираше преку програмата за Култура и уметност на Фондацијата Институт отворено општество Македонија-Скопје.
Оваа всушност беше пилот фаза од оваа програма ("Живо наскледство") а во која покрај Прилеп и старата Турска бања беа влезени уште и локалитетот на скопската Стара чаршија - во Скопје, градба на Крушевска куќа - во Крушево и реставрација на Стара еврејска куќа во Битола.
Во првиот дел од оваа програма се реализирани равојни грантови со цел подоцна да се поднесат главните проекти за почеток на ревитализацијата и реставрацијата на овие културни споменици.
Носител на развојниот грант беше Центар за граѓанска иницијатива во соработка со уште две НВО: Форум за авандгардна креативност - Прилеп и ИСКОН-Здружение за итна заштита на културното наследство - Прилеп, а беше координиран од Центарот за поддршка на НВО - Прилеп.
Целта на овој пилот проект беше евалуација на потребите на заедницата пред започнувањето со археолошки истражувања и пред конзервацијата и реставрацијата на објектот. Ова е прв пример на ваква соработка на владини институции на локално ниво со локални НВО.
|