Недостаток на заедничка визија на етничките групи за развојот на земјите и пристапот во ЕУ и НАТО

 
 

 

             На 25-ти и 26-ти јули во хотелот Белведере во Охрид во соработка со Заеднички вредности од Скопје  во рамките на проектот  “Зајакнување на процесот на помирување на Западен Балкан” ја организиравме тркалезната маса на тема: „Недостаток на заедничка визија на етничките групи за развојот на земјите и пристапот во ЕУ и НАТО“.

              Целта на проектот е помирување помеѓу земјите на Западен Балкан што ги опфаќа нашата држава, Косово и Босна и Херцеговина со цел да се подобрат меѓуетничките врски како најважен фактор за развој.

              На оваа тркалезна маса ги собравме заедно сите чинители од оваа област за да направат анализа на ситуацијата во наведените држави и да се сугерираат препораки  и механизми за успешно помирување во земјите и во регионот. Во дискусијата и процесот на анализа учествуваа експерти од УНДП од Македонија, Косово и Босна и Херцеговина, претставници од граѓанскиот сектор, политички партии и медиуми.

              Учесниците на тркалезната маса утврдија кризни фактори кои би предизвикале појава на конфликити во регионот. Клучни кризни фактори беа лоцирани во образованието и немањето на заедничка визија за регионално приклучување кон ЕУ и НАТО. Учесниците до своите држави од конференцијата испратија порака за ревидирање на образовните програми и нивно усогласување со процесите на интеграции.