|
Овој проект го реализираме партнерски со Албански Центар за човекови права (АЦЧП) од Тирана, Албанија со финансиска поддршка од ifa, Zivik project и Министерството за надворешни работи на Германија. Во Македонија поддршка за реализација на овој проект даде и Министерството за образование.
Целта на проектот е да се вклучи темата за трговија со луѓе во образовниот процес во средното образование преку методи на активно учење на професори и деца од средните училишта во Македонија и Албанија.
Со овој проект се има за цел да се вклучи и подобри темата за трговија со луѓе во образовниот процес во средното образование преку методи на активно учење на професори и деца од средните училишта во Македонија и Албанија, и да се направи размена на искуства меѓу Македонија, Албанија, Косово и Србија преку пренос на позитивни практики на образование на професори и ученици и работа со жртви со цел да се влијае на превенција и заштита на децата од трговија со луѓе.
Центар за граѓанска иницијатива и Албански центар за човекови права работат на обука на стручните служби во избраните училишта за да се стекнат со доволно знаење од областа на Трговија со луѓе и да го практикуваат изработениот Прирачник и методолошки водич за имплементација на Едукативни часови за заштита од трговија со луѓе, искуство пренесено од Ludwig Boltzmann Institut für Menschenrechte.
Откако ги добија потребните обуки, стручните служби од избраните училишта го почнаа процесот на пренесување на знаењата на професорите. Едуцирани се повеќе од 30 проефесори кои согласно со изработениот Прирачник и методолошки водич професорите ќе можат да изготват материјали за пренесување на знаењето на учениците. Во избраните три училишта во Македонија во тек е фазата на едукација на повеќе од 150 ученици.
Проектот како резултати ќе донесе:
- Подготвен нацрт Прирачник и метоголошки водич за превенција од трговија со луѓе со цел негова идна примена во редовната настава презентиран пред Министерството за Образование во Македонија и Албанија
- Започнување на активности за превенција од трговија со луѓе со тоа што обучените професори ќе одржуваат работилници со учениците во целните училишта.
- Изготвени Извештај за спроведено истражување за мерење на ефектите од примена на превенција на трговија со луѓе во наставен план и Извештај од Регионалната Конференција одржана во Охрид.
Проектот се реализира во периодот од 01.01.2009 – 31.12.2009 година, а финансиран е од IfA Zivik Project.


|