|
Овој проект започна со тренингот на персоналот на ЦГИ на полето на човековите права. Тренерот беше од САД, од корпорацијата „Човекови стратегии за човекови права” (www.hshr.org), госпоѓица Џина Гањон. Тренингот го опфати следните области:
| |
- Речник на човекови права;
|
| |
- Прирачник за човекови права;
|
| |
- Системот на Обединетите Нации/ Европски регионален систем;
|
| |
- Спогодби за човекови права;
|
| |
- Меѓународни стандарди за човекови права;
|
| |
- Институции и обврзувања на Македонија за човекови права;
|
| |
- Користење на Интернет за барање на информации за човекови права;
|
| |
- Преглед на Македонскиот државен извештај до Комитетот за правата на детето и разгледување на коментарите на Комитетот;
|
| |
- Правата на жените/род и развој;
|
| |
- Процедурални и технички средства за мониторинг и известување;
|
| |
|
Обуката започна на 16-ти јуни и траеше до 26-ти јули, 2002 година. Оваа обука му помогна на персоналот на ЦГИ да го зголеми знаењето и да биде способен да ги користи стекнатите вештини со цел да извршува тренинзи на други луѓе и НВО.
Целта на овој проект беше да се пренесе знаењето стекнато од Џина Гањон на НВО кои се фокусирани на човекови права и на луѓето кои работат во институции каде врската со граѓаните треба да биде најјака- Локалната самоуправа.
Тренинзите ги изведоа тренери од ЦГИ за работи кои беа идентификувани како потреби на целните групи. Овој проект донесе и отпечатен Основен прирачник за човекови права, на македонски и англиски јазик, кој го добијаа сите НВО во регионот.
Овој проект се реализира во периодо 15 јуни - 15 декември 2002 година, а беше финансиран од Фондација Институт отворено општество- Македонија, Скопје.
|