|
Во ноември и декември 2000 година Центар за граѓанска иницијатива беше координатор на две групи кои беа во работна посета на Република Полска.
Имено првата група која беше во Полска поточно во градот Келце ја сочинуваа 25 претставници на македонски НВО, кои беа од различни градови, различни националности и со различни интереси. Станува збор за Тренинг на тренери кој беше предвиден во рамките на Програмата за поддршка од страна на Полска на локалната демократија во Република Македонија. Овој Проект е финансиран од страна на Министерството за надворешни работи на Полска, а домаќин на македонските претставници во Келце им беше Фондацијата за развој на локалната демократија - Полска. Целта на овој проект беше ширење на деморатијата во единиците на локалната самоуправа. 
Втората група ја сочинуваа 25 македонски претставници од парламенотот на Република Македонија и новинари. Домаќин на овие 25 македонски граѓани им беше Фондацијата за развој на локалната демократија од Варшава. Посетата на нашиот извршен директор Гоце Тодороски покрај улогата на координатор ја имаше и функцијата на активен учесник во создавањето и корегирањето на прирачниците кои излегоа како краен резултат од целокупниот проект на полската фондација.
Овие прирачници ги содржат основните проблеми од областа на локалната самоуправа во Полска, со цел од нив да се црпат позитивните искуства и да станат дел од македонската пракса.
|