Стоп за трговијата со луеѓе

 
 

 

            Активностите на овој проект беа насочени кон младите во Прилеп и во Кривогаштани, за подигнување на нивната свест за опсаноста од трговијата со луѓе. Се работеше со ученици од гиманизијата „Мирча Ацев“ во Прилеп, со ученици од Основното училиште Манчу Матак од Криовгаштани, со нивните наставници и родители. Проектот за цел имаше да ја потенцира важноста од вклучувањето на младите во процесот на превенцијата од трговијата со луѓе и да ја подигне свеста на младите и нивните родители за постоењето на овој глобален проблем и во нашата држава. За актуелизацијата на постоењето на проблемот и неговото првенирање се организираат трибини со родители во Прилеп и Кривогаштани. Се работеше со учениците и училишните клубови во избраните училишта. Учениците подготвија печатен материјал кој го рзаделија – флаери и налепници, организираа свои тетарски претстави кои беа масовно посетени. Имено децата ја употребија својата фантазија и талент и ги создадоа налепниците и текстовите за театарските претстави. Претставата ја постигна својата цел а тоа беше подигнување на свеста кај младите и нивните родители за секојдневната опасност да се стане жртва на трговија со луѓе како и зголемување на нивото на внимателност при разговор со непознати лица и прифаќање на различни несигурни понуди. Медиумите следејќи ги активностите му дадоа поддршка на проектот и децата.

              Г-ѓа Елена Грозданова од Министерство за труд и социјална политика како голем експерт за прашањата поврзани со превенција од трговија со луѓе беше вклучена во активностите на проектот посебно во организираната трибината. Учесници на трибината беа членови од НВО кои работат на оваа тематика, претставници од Локалните самоуправи од Општина Прилеп, Кривогаштани и Долнени, родители на ученици од средните училишта од Прилеп и околината и претставници од Одделот за превенција од трговија со луѓе при МВР Прилеп. Јавната трибина ја постигна својата цел а тоа беше развивање на активна дискусија меѓу присутните за големата важност од превенција од трговија со луѓе како и размена на искуства поврзани со вклучување на младите во борба против трговија со луѓе.

              Проектот се реализираше во периодот од 01.12.2008 – 15.05.2009 година. Финансиран беше од Австралиска Амбасада – Белград.