|
Согледувајќи ги резултатите од процесот на развивање и тестирање на алатките и методите на КАТ (Културни аспекти на траумата), членките на Психосоцијалната група (ЦГИ – Центар за граѓанска иницијатива од Прилеп, АРЦТ – Албански Рехабилитационен Центар за трауми и тортури од Тирана, КРЦТ – Косовски рехабилитационен центар за траума и тортура и ИАН – Меѓународна мрежа за помош од Србија) вклучени во рамките на Мрежата за поддршка на бегалците во Југоисточна Европа SEE RAN, ја истакнаа својата желба заеднички повторно да работат на примената на развиените алатки и методи на КАТ, започнувајќи ја реализацијата на проектот: „Размена на регионални искуства за употреба на алатките и методите на КАТ“.
Активности во Македонија:
Организирајќи тренинзи на тренери ЦГИ едуцираше наставници од основно образование во руралните средини (општина Кривогаштани) и наставници од претшколска возраст од Прилеп кои го споделија стекнатато знaење со нивните колеги со што се оспособија да дизајнираат, произведуваат и користат во секојдневната работа алатки за психосоцијална интервенција.
Со цел да се зголеми свесноста кај учениците за културниот механизам за справување со траумата ЦГИ спроведе работилници за ученици од основно училиште во општина Кривогаштани со цел примена на алатките и методите на КАТ, најчесто приказни кои се главен катализатор за разбудување на креативноста на децата.
- Едуцирани 20 наставници од основното образование во руралните средини (општина Кривогаштани) и 20 наставници во градинките во Прилеп за употреба на алатките и методите на КАТ,
- Претставени механизами за културно справување со траумата на 10 ученици од рурална средина ( општина Кривогаштани)
- Зголемено е нивото на свесноста кај заедницата, наставниците и родителите за културните аспекти на траумата.
Во Албанија – Албанскиот рехабилитационен центар за траума и тортура (АРЦТ) работеше на едукација на 20 наставници во основното образование и 20 наставници од градинките во Тирана се оспособени за дизајнирање производство и користење во секојдневната практика на алатките за психо социјална интервенција. 10 ученици од Тирана се запознати со механизмите на културното справување со траумата. Нивото на свесноста кај заедницата, наставниците и родителите за културните аспекти на траумата е зголемено.
Во Косово – Косовски рехабилитацион центар за траума и тортура (КРЦТ) тренираше 20 наставници од основно образование и 20 наставници од градинките во Приштина се тренирани за алатките и методите на КАТ и 10 ученици од основните училишта се запознати со механизмите за справување со траумата.
Во Србија – Меѓународната мрежа за помош – ИАН разви 3 нови модули од програмата за Животни Вештини, кои се применети на 24 средношколци и 1 модул применет на една група од 12 средношколци. Членовите на Психосоцијалните организации (13 лица) се тренирани на 10 модули на програмите за Животни Вештини.
Ние го почнавме и го продолжуваме процесот на застапување во Министерствата за oбразование презентирајќи им ги можностите на алатките и методите на Културните аспекти на траумата.
Проектот се реализираше во период од 01.04.2007-01.04.2008. Финансиран е од Данско министерство за надворешни работи- Neighborhood Програма
|