|
Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП) преку Канцеларијата на високиот комесаријат за човекови права (ОХЦХР) во периодот од ноември 1998 - февруари 1999, донираше во ЦГИ по повод Годишнина на декларацијата за човекови права. Проектот, имаше за цел зајакнување на ЦГИ во способноста да и се обраќа на јавноста и да ги презентира случаевите на прекршување на човековите права, и да придонесе во процесот на едукација во областа од човековите права.
Самиот проект беше статистичка евиденција на теренско собирање на податоци за случаевите каде биле прекршени правата на детето во Прилеп. Беше отворена СОС телефонска линија, на која се пријавуваа прекршени детски права и беа евидентирани неколку случаеви и доставени како база на податоци до соодветните институции.
Активностите исто така вклучија и печатење на македонска верзија на Конвенцијата за правата на детето. Беше дистрибуирана во основните и средните училишта во Прилеп и околните места, јавните објекти, локалната власт, локалните НВО и граѓаните.
Нашиот дел од проектот беше јавното предавање на тема "Конвенција за правата на детето", детално објаснета низ поедноставени примери.
|