|
"Сите различни сите еднакви" летен камп во Херцег Нови - Црна Гора беше реализиран во месец август 2001 година.
Проектот беше реализиран во соработка со организации од Јужниот Балкан и тоа "Ненсен центар за дијалог" од Скопје-Македонија, "Група-Панчево цивилна реакција" од Панчево-Југославија, "Младинска организација-Грашница" од Косово, и "Европски младински парламент". Истиот всушност беше производ од серијата семинари "Градење на мирот и мултикултурната демократија во Јужен Балкан" кои се одржуваа во Р. Бугарија во организација на CONCILIATION RESOURCES
Цели на проектот беа:
| |
- Да се вклучат млади луѓе со различно религиозно, етничко и културно определување, со цел да се докаже дека можат да работат и живеат заедно.
|
| |
- Да се срушат стереотипите и предрасудите;
|
| |
- Едукација од областа на човековите права и ненасилната комуникација;
|
| |
- Организирање на мрежа од луѓе со различно етничко потекло;
|
Целите на овој семинар беа реализирани низ следното: едукација низ игри, организирање на предавања (меѓународни и локални предавања) од областа на човековите права и ненасилната комуникација, формирање на групи за спортски активнисти (спортски тимови), посета на знаменитости и организирање на забави.
Проектот беше финансиран од CONCILIATION RESOURCES.
|