[to nosi decentralizacijata

 
 

Во соработка со  Невладината организација ОХО од Скопје на ден 01.06.2004 година  во големата сала на Локалната самоуправа  во Прилеп ја организиравме првата трибина од десетте кои се одржаа во различни градови во Македонија. Темата на оваа трибина беше “Што носи децентрализацијата”. На трибината стана збор за промените кои што ќе настанат со реформата на локалната самоуправа, можностите за локален економски развој и  вклученоста на граѓаните во донесувањето на одлуки.

На трибината учество зедоа:

Игор Тасевски - Центар за граѓанска иницијатива - модератор;

Проф. Д-р. Љупчо Печијарески - Професор на Економски факултет во Прилеп;

М-р. Ивица Боцески - Институт за демократија, солидарност и цивилно општество;

Ели Чакар - Министерство за Локална самоуправа;

Наташа Вртеска - Заедница на единиците на локалната самоуправа на Р. Македонија

По излагањата на учесниците во текот на трибината свои излагања имаа граѓаните на општина Прилеп, Претседателот на Совет на општина Прилеп, г-дин Борис Ристески и Градоначалникот на општина Прилеп, г-дин Сашо Пирганоски.

Оваа трибина според зборовите на Градоначалникот на општина Прилеп г-дин Сашо Пирганоски е најпосетена и со најмногу дискусии. На трибината присуствуваа и голем број на советници на Советот на општина Прилеп, претставници од Отворената канцеларија на градоначалникот, подрачните министерства, 80-тина жители на општина Прилеп, претставници на невладините организации од општина Прилеп и претставници на пишаните и електронските медиуми. Дека трибината предизвика интерес говори посетеноста на истата, но и вниманието кое локалните медиуми и го посветија на истата во своите програми.