|
Од мај 2006 Центар за граѓанска иницијатива стана Секретаријат за Граѓанската платформа на Македонија . Мандатот од две години овозможи ЦГИ да ја координира комуникацијата помеѓу членовите на платформата како и да ја охрабри ефикасната промоција и работа на платформата.
Граѓанската платформа на Македонија (ГПМ) е отворено место за размислување, демократска расправа на идеи, формулација на предлози, слободна размена на искуства и меѓусебно поврзување за делотворна акција на граѓанските организации што се посветени на градење граѓанско општество во Македонија. Отворена е за сите граѓански организации во Република Македонија. Целта е втемелување на граѓанскиот сектор како рамноправен партнер во општеството заради постигнување позитивни општествени промени, односно воспоставување партиципативна демократија и општествено одговорен деловен сектор.
Програмата на Граѓанска платформа на Македонија се стреми да ја зајакне улогата на граѓанскиот општествен сектор преку променета и предизвикана средина, зголемувајќи го своето влијание и придонес во општествените промени, демократијата и одговорно управување.
Програмата се однесува на:
- подобрена комуникација,
- координација и соработка помеѓу граѓанските организации
- развој на регулативи и механизми на граѓанските организации,
- подобрување на легалните и фискалните рамковни договори за граѓанските организации и
- подобрување на соработката помеѓу граѓанските организации со владата, бизнис секторот, медиумите и јавноста.
Програмата вклучува партиципативен пристап заснован врз размена на информации, градење на капацитети, застапување и лобирање.
Комуникацијата, координацијата и соработка помеѓу граѓанските организации се достигнува преку размена на информации обезбедена од Секретаријатот на ГПМ, анализа на локалните регионалните и интернационалните искуства, најдобра пракса, специфични градења на капацитети и отворени дебати на форуми, регионални саеми и на национални саеми за невладини организации.
Во склоп на Програмата која беше финансирана од Европската Агенција за Реконструкција ЕАР, ЦГИ подготви прирачник за Финансиско управување и администрација на граѓанските организации во Македонија и подготви две Бази за македонскиот граѓански сектор. Имено креираше база за волонтери и база за истражувања кои се достапни на веб страната на ГПМ. (www.gpm.net.mk )
Овој проект се реализира во периодот мај 2006 - мај 2008 година.

|