Se mo`e bez se, no bez zdravje ne

 
 

Овој проект се реализираше во периодот 01.01.2004 - 30.12.2004, а беше финансиран од Фондација Институт отворено општество - Македонија.

            Целта на проектот беше подобрување на пристапот во здравствените институции и подобрување на квалитетот на услугите за ромската популација. Целта беше остварена преку документирање на случаеви на прекршување на човековите права во здравствените институции и нивно процесирање до релевантни домашни и меѓународни институции, воспоставување на добар комуникациски канал помеѓу ромското население и медицинските работници, дополнителна едукација за ромското население и медицинскиот персонал и функционирање на мобилен тим во ромската населба Тризла 2 и медицинските установи во Прилеп.

            Успешната реализација на предвидените активности всушност значеше елиминација на утврдената дискриминација спрема ромските пациенти во медицинските установи и обезбедување на рамноправен однос кон нив.  

            Исходот од овој проект беше подобрена комуникација помеѓу ромската популација и медицинските работници и поедуцирани Роми за одговорностите во однос на нивното здравје.