|
„Ресурсниот центар за НВО“ функционираше во рамките на Центарот за поддршка на НВО во Прилеп. Овој проект обезбедуваше поддршка за институционален развој на НВО во регионот преку активности кои вклучуваа: обуки, консултации и семинари.
Обуките се состоеа во курсеви за членови на НВО од областа на информатичката технологија и англискиот јазик кои беа дефинирани како есенцијална потреба во НВО работењето. 500 членови од сите НВО во регионот ги посетуваа курсевите.
Семинарите беа фокусирани на основното и напредното образование за членовите на невладините организации, во области како: НВО менаџмент, подигање фондови, легални процедури за НВО и фондации, креирање предлог проекти, стратешко планирање и др.
Консултациите кои ги добиваа НВО најчесто се однесуваа на спроведувањето на нивните активности, помош при изработката на проекти и други прашања од секојдневното НВО работење.
Ресурсниот центар, како проект кој беше финансиран од фондацијата МОТТ, беше целосно координиран од Центарот за граѓанска иницијатива, и овозможи времетраење, на овој проект, од две години (декември 2000-ноември 2002).
|