|
Во склопот на својата мрежа за партнерства, Центар за граѓанска иницијатива во декември 2002 оствари соработка со Фондацијата "Разрешување и помирување на конфликти"од Тирана- Албанија. Исходот на партнерството е реализацијата на проектот "Рехабилитација и реинтеграција на млади луѓе од фамилии кои се раселени поради конфликтни причини".

Проектот се реализира во периодот декември 2002 - февруари 2003. Истиот се реализира на територија на Република Албанија и Република Македонија. Проектот се однесуваше на реинтеграција на млади луѓе помеѓу 14 и 18 години кои преку интерактивни работилници се доближија до можнистите за взаемно учење и спознавање, како меѓусебно така и во заедницата во која се наоѓаат.
Крајната цел на проектот беше да им се помогне на младите луѓе кои се раселени во сопствените земји, поради конфликтни причини, при интеграцијата во заедницата каде моментно живеат. Финансиер на овој проект беше фондацијата ФРЕСТА.
|