Регионална средба помеѓу членките на психосоцијалната група

 

              На 20 март 2008 година во хотел Ривиера во Охрид се одржа регионална средба помеѓу членките на Психосоцијалната група – КАТ и тоа: Центар за граѓанска иницијатива од Прилеп, Македонија, Албански Центар за траума и тортура од Тирана , Албанија, Косовски рехабилитационен центар за траума и трортура од Приштина  Косово, претставници од групата A Found Friend од Албанија, како и претставници од Министерствата за образование од Македонија, Албанија и Косово.

              На оваа средба беа презентирани искуствата и достигнувањата на членките на психосоцијалната група во секоја земја и се дискутираше за можноста од примена на развиените алатки и методи на КАТ во редовната настава во училиштата во овие земји.

              Претставниците од Министерствата за образовние ја дадоа својата поддршка кон овие алатки и методи и се заложија за свој придонес кон примената на КАТ во образовниот процес.