|
Од март до ноември 2000 год. ЦГИ, работеше на проектот "Регионална канцеларија за човекови права" кој беше финансиран од УСИС- Американска амбасада во Македонија. Бидејќи се покажа дека оваа канцеларија е од огромно значење за нашиот регион, истиот тој проект го продолживме, и за негова реализација во периодот февруари - јули 2001 донатор беше Амбасадата на Кралството Холандија во Македонија.
Идејата за формирање регионална канцеларија потекнуваше од фактот дека луѓето во Македонија знаат малку или ништо за нивните права и дека се наоѓаат во ситуации кога правата им се прекршени. Исто така тие незнаат кому да се обратат кога им се прекршени правата, и сметавме дека ова е резултат на новите демократски процеси во нашата земја како и на процесот на транзиција, кое е исто така ново искуство за граѓаните.
ЦГИ после долги и детални истражувања и анализи ги постави и основните цели на овој проект, а тоа беа:
| |
- Регистрација и документација на поплаките за прекршување на човековите права:
|
| |
- Помагање на граѓаните со нудење на правен совет или секаков вид на помош како на пример: контактирање на адекватни институции за нив;
|
| |
- Информирање на граѓаните за нивните права и за институциите што се надлежни да им помогнат;
|
| |
- Зголемување на знаењето за човековите права.
|
Во рамките на овој проект постоеше отворен телефон за пријавување на случаевите со прекршени човекови права во целиот регион (регионот ги опфаќаше општините Прилеп и Крушево). Исто така се ангажира и еден психолог волонтер и адвокат кои директно контактираа со сите луѓе кои ги пријавуваа случаевите на прекршени човекови прва и истите ги регистрираа. Канцеларијата беше во просториите на ЦГИ, каде беше ангажиран еден волонтер, кој ги водеше сите пријавени случаеви.
Со цел да се зголеми информираноста на граѓаните, ЦГИ подготви и испечати постери и летоци за тоа какви права имаме, како до нив и за еднаквоста на човековите права за сите луѓе. Во извршувањето на оваа активност огромно учество зедоа сите млади членови на нашата организација кои го покријаа целиот регион со постери и летоци. Проектот беше и медиумски покриен преку ТВ-спот, јавни соопштенија, прес-конференции и сл.
Организирани беа и јавни предавања во Крушево, Прилеп и Кривогаштани на теми од областа на човековите права за кои имаше огромен интерес кој беше очигледен од големата посета од страна на граѓаните. Предавачи беа стручни лица од таа област.
Една од најголемите придобивки на овој проект е тоа што луѓето кои имаа потреба од правна помош ја добиваа бесплатно, односно правната постапка ја водеше нашиот адвокат до решавање на случаевите по судските канали.
Во канцеларијата бараа совет и помош граѓаните на овој регион секој работен ден, а бројот на пријавени случаеви беше се поголем. Статистички гледано најголем број од случаевите беа социјални проблеми, потоа семејното насилство, малолетна деликвенција и наркоманија, физичко насилство и злоупотреба.
|