|
ЦГИ продолжи да работи на својата заложба за заштита на човековите права во делот на превенција од трговија со луѓе.
Имплементацијата на овој проект е со цел да даде придонес кон реализацијата на Националниот Акционен План за превенција од трговија со луѓе и илегална миграција во Република Македонија.
Нашата цел во рамките на овој проект беше да дадеме придонес кон организиран и структурен пристап за мерки против трговијата со луѓе:
- Градење на капацитетите на фокус групи,
- Граѓански организации ориентирани кон човекови права и социјални работници,
- Градење на капацитетите на пограничната полиција од Македонија, Албанија и Црна Гора со цел да се зголеми интернационалната група на погранична полиција за ефикасна борба против трговијата со луѓе.
Продолжувајќи го процесот на градење на капацитетите на социјалните работници и НВО секторот, во овој проект нашата работа беше насочена кон социјалните работници од Тетово и Дебар, градови кои се погранични и едни од ризичните за појавата на трговија со луѓе во Македонија, која е транзитна точка за трговијата, но исто така застапеноста на внатрешната трговија е доста голема.
Со обуките беа опфатени 12 социјални работници и 30 НВО активисти од Тетово и Дебар, им беа презентирани основните форми за превенција од трговија со луѓе и беше потенцирана важноста од активната соработка помеѓу НВО секторот и Центрите за социјална работа.
Со цел да се делува на намалување на трговијата со луѓе, ЦГИ во своите активности вклучи интернационална група од 9 лица од пограничната полиција од Македонија, Албанија и Црна Гора. Активностите кои беа реализирани за нив имаа за цел информирање и запознавање со основните форми на трговија со луѓе, како и познавање на основните методи за препознавање на трговија со луѓе на граничните премини.
Одржувањето на Националната конференција на превенција од трговија со луѓе ја потврди заложбата на ЦГИ во борбата против трговијата со луѓе, а со тоа ја зајкна соработката со Националната комисија за превенција од трговија со луѓе, Министерството за внатрешни работи, Министерството за труд и социјална политика на Република Македонија, национални и интернационални НВО кои работат на превенција од трговија со луѓе.
Реализцијата на активностите од овој проект придонесоа кон подигнување на јавната свест за борба против трговијата со луѓе, а со тоа и придонес кон намалување и решавање на трговијата со луѓе кое што може да се постигне само преку активна и заеднича соработка на владините институции и невладините организации, како и вклучување на медиумите како важна алка од синџирот за борба против овој проблем.
Проектот се реализираше во период од 01.01.2007-31.12.2007. Финансиран е од ifa Project Zivik, Federal Foreign Office and Institute for Foreign culture Relation, Германија.
|