|
Водејќи се од сопственото искуството за градење на капацитетте на урбаните заедници од Прилеп, преку овој проект им овозможи на граѓаните од Кичево активно граѓанско учество во процесите на одлучување. Воедно преку пренесување на позитивни искуства од Прилеп на Центарот за одржлив развој на заедницата од Кичево му се овозможи подобрување на соработката со урбаните заедници и Локалната самоуправа.
Се одржаа пет обуки со претставници на урбаните и месните заедници за зголемување на знаењата за подготвување на проекти. Се формира Координативното тело, со цел подобрување на врската – партнерство помеѓу претставниците на урбаните заедници и Локалната самоуправа. Се организираа форуми на теми: „Проблемите и потребите на Урбаните заедници“ и „Урбанистичко уредување на градот Кичево и улогата на месните заедници во овој процес“. Форумите беа масовно посетени, а на истите се делеше промотивен материјал.
После испорачаните обуки на заедниците се реализираше процес на регрантирање. На конкурсот од пријавените проекти за најдобар беше избран проектот на месната заедница „Бичинци“, кој носеше наслов: Уредување на јавна површина во стадион за мал фудбал.
После реализацијата на предвидените проектни активности, остварена е главната цел на проектот, односно изградена е јавна површина и овозможени се подобри услови за младите лица за организирање на физичко рекреативни активности каде подобро би го поминувале своето слободно време. При реализацијата на проектните активности свој придонес даде населението на месната заедница Бичинци.
Проектот се реализира во периодот 01.10.2007 – 30.09.2008 година, а беше финансиран од German Marshal Fund,програма на Balkan Trust for Democracy

|