Preventivni merki za konfliktna transformacija

 
 

Центар за граѓанска иницијатива, Прилеп на подрачјето на Прилеп и Битола во периодот мај - декември 2005 го реализираше проектот: "Превентивни мерки за конфликтна трансформација во ромските заедници во Македонија", финансиран од ifa Project zivik, Federal Foreign Office and Institute for Foreign culture Relation, Германија.

Целта на проектот беше придонес кон воспоставување на конструктивен дијалог помеѓу ромските заедници и полицијата и потенцирање на улогата на полицијата во заедницата како фактор за заштита на човековите права.

Во рамките на проектните активности се реализираа серија тренинзи за вработени лица од клучните сектори во СВР - Прилеп, од страна на експерти.  Добивме официјална потврда од Министерството за внатрешни работи за нивната подготвеност во вклучувањето во овој проект како и имињата на лицата вклучени во тренинг сесиите.

Со проектот беа опфатени 20 лица вработени во СВР Прилеп, кои поминаа низ серија тренинзи (8 тренинзи), но исто така со проектот беа реализирани и тренинзи за ромски лидери од Прилеп и Битола, при што се реализираа 6 тренинзи за 15 лица од ромската популација од Прилеп и 6 тренинзи за 15 лица од ромската популација од Битола .