Превенција на нелегална миграција кај Ромските зедници преку активности  за професионална обука

 
 

           

             Со цел да се намали потенцијалот на илегална миграција и трговија со луѓе, посебно кај младата ромска популација на возраст од 18 до 36 години, Центар за граѓанска иницијатива во соработка со Работнички универзитет – Прилеп превзеде активности за обезбедување на стручни курсеви за развивање на индивидуалните вештини кај младите Роми и можност за нивно понатамошно вработување.

              Имплементацијата на активностите се одвиваше во три фази:

              1.   Подготвителна фаза која се состоеше од идентификација и селекција на корисници. Беше спроведен прашалник за 56 Роми со цел утврдување на нивните потреби. Селекцијата на кандидатите за следење на професионалните курсеви беше извршена од страна на претставници од ЦГИ, ИОМ, Работнички универзитет од Прилеп и Локалната самоуправа од Прилеп. Беа селектирани 19 Роми корисници за професионална обука.

              2.  Имплементацијата во суштина беше обезбедување на специјално адаптирана обука за професионална подготовка и развој на вештини кај селектираните корисници. Специјално адаптираната обука се состоеше од неколку фази:

- Имплементација на професионални курсеви (фризери, болничари, козметичари,   бела техника, водоинсталатери, шивачи), со цел професионална ориентација на селектираните Роми и можност за нивно вработување според добиената квалификација

- Обезбедување на бизнис курсеви, со цел оспособување на селектираните Роми за креирање на сопствен бизнис

- Дадена можност за комлетирање на основно образование и стекнување на дипломи за завршено основно образование

- Овозможување на курс за компјутери

              3. Информативна кампања со цел превенција од илегална миграција и трговија со луѓе. За таа цел во соработка со Министерството за труд и социјална политика беше подготвена Брошура за превенција од трговија со луѓе, која беше дистрибуирана кај ромската популација во Прилеп и Битола, со цел подигнување на свеста кај Ромската популација за превенција од илегална миграција и трговија со луѓе.

              Преку овој проект ЦГИ има помогна на една група од 19 млади луѓе со цел тие да можат да бидат активни членови во заедницата во која што живеат, а и да имаат можност да ја решат својата идна егзистенција

              Проектот се разлизира во периодот 15.4.2006 - 15.6.2007 а финансиран од ИОМ.