|
Во октомври 97 ЦГИ беше организатор и домаќин на еден мошне важен настан, конференцијата за проектот Балкански соседи, проект за набљудување на медиумите финансиран од ИОО - Будимпешта. Оваа балканска конференција се одвиваше во Охрид - Македонија. Учествуваа претставници од Албанија, Бугарија, Југославија, Романија и Турција. Овој настан привлече големо внимание и публицитет кај локалните и националните медиуми како и кај ОБСЕ (ЕУ).
На 1-ви ноември 97 ЦГИ го спонзорираше јавното предавање на г-ѓа Patty Whitelow - Hill, сопруга на американскиот амбасадор во Македонија на тема „Важноста на вклучувањето на луѓето во јавните служби и НВО во процесот на развој на демократијата“.
Во средината на Ноември 97 наш гостин беше претставникот на ОБСЕ, г-ѓа Tatjana Seyppel. По тој повод организиравме јавно предавање на тема „ОБСЕ, организациона структура и неговата мисија во Македонија и светот”
Во мај 2000, ЦГИ организираше две јавни предавања во Прилеп и Кривогаштани на тема “Правата на детето преку третманот на оштетеното дете во кривичната постапка и малолетничка деликвенција”. Во истите овие места по неколку месеци ЦГИ организираше уште две нови предавања.
Во Февруари, 2001 ЦГИ во соработка со ИТЗ и Американс ката амбасада во Македонија одржа тркалезна маса на следниве теми:
1.Локална власт,
2.Избори,
3.Како НВО членовите влијаат на јавното мислење
Покрај представници на институциите, на настанот учествуваше неговата екселенција, господин Мајк Ајник, амбасадор на Соединетите Држави во Македонија, кој зеде активно учество во дискусијата.
|