|
Врз база на претходното позитивно искуство во Јужна Србија и Западна Македонија (2001), Комитетот за Граѓанска иницијатива од Ниш ( Србија и Црна Гора ) и Центар за граѓанска иницијатива - Прилеп (Македонија) го имплементираа проектот " Прашање на вина и одговор на одговорност- патека до иднината"
Глобална цел на проектот беше создавање неопходни услови за враќање на меѓуетничката доверба и воспоставување на интеретничка соработка во Западен Балкан. Односно создавање на јавно мислење кое ќе ја бара вистината за војните и конфликтите во поранешна Југославија; да инсистира на казнување на воени злосторници; да преземе активности кои ќе ги ги охрабрат земјите, заедниците и индивидуалците да се соочат со војните и конфликтите од минатото и да превземаат одговорност за нивно делување или не делување.
Специфични цели на проектот беа: обука на 40-60 учесници - новинари, млади политичаки активисти, НВО активисти од Србија и Македонија-( 10 до 15 од Ниш, Врање, Прилеп и Тетово) за активно учество во јавниот и политичкиот живот.
Програмата се реализираше преку циклус од 12 работилници во Врање и Ниш (Србија) и Тетово и Прилеп (Македонија) и 6 работилници на завршниот семинар во Врањска Бања (со предавачи од Србија, Македонија и Албанија, експерти и активисти).
Проектот се реализираше во периодот од април 2005 до ноември 2005 година, а финансиер на овој проект беше Pax Christi од Холандија.
|