|
Со цел развој и растеж на работата на нашата организација највисокото раководство на ЦГИ , Извршниот директор - Гоце Тодороски и Финансискиот администратор - Даниела Барабанова, беа во студиска посета на Соединетите Американски Држави. Имено во периодот 29 август - 6 септември 2004 година тие имаа низа на средби и работни состаноци во САД. За време на студиската посета тие собираа искуства за работата на америчките фондации, нивната поставеност и нивниот интерес за финансирање на програми и проекти во Македонија и Балканскиот полуостров. Конкретно престојот во Америка беше искористен за средби со претставници на:

- Freedom House
- United States Institute of Peace (USIP)
- German Marshall Fund (GMF)
- Open Society Institute (OSI)
- National Endowment for Democracy (NED)
- Lalor Foundation Inc.
Од овие средби нашето раководство излезе побогато со искуство за поставеноста и начинот на функционирање на америчките фонадации. Исто така овие средби беа искористени и за конкретни договарања за финансирање на идни проекти на нашата организација. Генерално оваа студиска посета ги потврди нашите очекувања, а резултатите од нејзината практичност ќе бидат видливи во иднина.
Оваа студиска посета, овој проект, беше реализиран во периодот 29.08.2004 - 06.09.2004 година, а беше финансиран од холандската фондација Кордаид, која е наш долгогодишен поддржувач.
|