|
Студиско патување за воспоставување на врска помеѓу НВО секторот и Локалната самоуправа во заедницата
Центар за граѓанска иницијатива беше поканет на ова патување од страна на Меѓународниот центар за непрофитно право од Вашингтон, по препорака од Институтот за трајни заедници од Скопје. Студиското патување вклучи две земји Полска и Хрватска. Посетата на овие земји беше направена во периодот помеѓу 30 јуни и 11 јули 2002.
Учесниците на ова патување беа селектирани од два сектори во Македонија, владин и невладин. Пет од нив го претставуваа владиниот сектор, односно претставници кои работат во рамките на локалните самоуправи во Центри за информирање на граѓаните во различни општини од Македонија, и три беа претставници на НВО со различен фокус на дејствување. Ваквиот профил на луѓе беше избран за да се воочи различниот аспект на делување со иста целна група, граѓаните и локалните НВО.
Базичната иницијатива за ова патување беше направена од страна на Меѓународниот центар за непрофитно право (www.icnl.org) во соработка со канцеларијата на Институтот за трајни заедници од Скопје (www.iscvt.org) и DAI Програмата за реформа на локалната самоуправа. Ова патување имаше за цел да ја претстави работата на полските и хрватските НВО и локалната самоуправа на македонската група која зеде учество на ова патување.
Посетата во Полска беше со цел да се посетат различно фокусирани НВО и фондации во Варшава, Гдањск и Гдиња, како и да се запознае заменик градоначалникот на Гдиња г-дин Мигхаил Гуч и да се разменат искуства во врска со неговата улога во НВО секторот во Гдиња. Невладините организации кои ги посетивме беа фокусирани на следното:
| |
- Центри за поддршка на НВО- на територијата на Полска;
|
| |
- Бироа за советување на граѓаните- на територијата на Полска;
|
| |
- Асоцијација за ментално хендикепирани луѓе- Гдиња
|
| |
- Померски центар за помош- прифатилиште за бездомници- Гдиња.
|
Исто така ни беа претставени и две фондации:
| |
- Полско-Американска фондација и
|
| |
|
Заклучоците кои беа направени во врска со посетата на полските НВО беа дека истите се поддржани финансиски и со простор од страна на локалната самоуправа. Всушност буџетот на локалната самоуправа имаше средства наменети за различни сфери кои ја засегаат заедницата. Важен фактор за добро развиениот дијалог беше тоа што НВО беа ставени во улога на спроведувачи на активности важни за заедницата, со претходно воспоставен дијалог со локалната самоуправа за базичните потреби на заедницата. Во повеќето случаеви, локалната самоуправа ја дала својата поддршка на НВО иницијативите.
Во Хрватска, бевме сместени во Сплит, бидејќи се смета за град каде соработката помеѓу НВО и локалната самоуправа е на високо ниво. Од друга страна мора да се напомене дека организаторите се погрижија да се сретнеме и со претставници од НВО од други градови во Хрватска.
Се запознавме со работата на одделот за социјални грижи во Сплит, во рамките на локалната самоуправа. Презентација изврши г-ѓа Весна Зец, управничка на ова одделение. НВО со кои се сретнавме беа фокусирани на следното:
| |
- Екологија- НВО Здрав Град;
|
| |
- Центар за поддршка на НВО од Сплит и Риека;
|
| |
- Центар за мир, ненасилство и човекови права од Осиек;
|
| |
|
| |
- НВО- Центар за жени заболени од рак на дојката- Сплит;
|
| |
- Претставнички од Владината канцеларија за соработка со НВО од Загреб.
|
Сите посети и состаноци беа од голема важност, бидејќи имаше да се научи многу. Првата работа кoја беше приметена од групата беше ентузијазмот кој беше присутен во луѓето со кои се запознавме.
Во заклучоците кои ги направивме, во однос на соработката помеѓу НВО и локалната самоуправа, беше специфично што НВО и ЕЛС во Хрватска донесле официјален документ за меѓусебна соработка. Исто така формирањето владина канцеларија за соработка со НВО придонесла за добро развиениот дијалог помеѓу НВО и ЕЛС.
Моделот на поддршка од страна на локалната власт беше финансиски и со простор, но исто така и преку поделба на одговорности. Некои од потребите на заедницата адресирани од НВО, беа финансиски поддржани од локалната самоуправа.
Во целост студиското патување беше продуктивно и произлезе во база за комуникација и иницијативи за подобрување на дијалогот помеѓу двата сектори кои се директно одговорни за локалната заедница, НВО секторот и локалната самоуправа. Учесниците на ова патување беа од двата сектори и остварија добра комуникација. Како заклучок беше направен нацрт план за следни активности од студиското патување.
Посебна заслуга за успешноста на ова патување е заслугата на г-ца Катерина Хаџи-Мицева од ICNL, која го испланира ова патување и ги охрабри учесниците да соработуваат во сферата на подобрување на дијалогот помеѓу локалната самоуправа и НВО секторот.
|