Poseta na NATO

 
 

Оваа посета се состоеше од средби на НВО претставници со НАТО претставниците кои го претставуваа политичкиот и воениот естаблишмент. Првиот работен ден (15.07.) се состоеше од средби со политичките претставници на НАТО. Се разговараше најотворено за прашањата поврзани со НАТО, улогата во Република Македонија за време на македонската криза, шансите на Република Македонија да биде повикана на Прашкиот самит во ноември - 2002, за НАТО проширувањето, НАТО односите со Русија и Кина и сл. Овие теми се отворија за време на дискусиите со претставникот на НАТО задолжен за говорите на генералните секретари и со заменикот портпарол на генералниот секретар. Истиот ден имавме средба со македонскиот амбасадор во НАТО - Нано Ружин како и посета на канцеларијата на македонската мисија на НАТО. Крајот на денот заврши со средба на претстставникот на Сорос фондацијата во Брисел и Николас Вајт претставник на меѓународната кризна група.

    Вториот ден (16.07.) се искористи за средби на воениот дел на НАТО- SHAPE. Тука се имаше можност да се разговара со британскиот и полскиот воен претставник на НАТО каде се добиваа одговори на сите наши прашања поврзани со воените структури на НАТО, нивно функционирање и делување.

       Оваа посета за ЦГИ и другите НВО беше од голема важност пред се поради фактот што се имаше можност да се запознаеме одблиску со НАТО структурите и нивната улога во светот и Балканот, а воедно за нас од посебен интерес е и поради фактот што и Република Македонија е кандидат- претендент за членство во истата. Исто така оваа посета отвара можност за оние НВО кои се заинтересирани да соработуваат и работат на проекти поддржани од НАТО. Ова беше прва средба , односно посета на НВО претставници од Република Македонија на НАТО седиштето. Средбата беше финансиски поддржана од НАТО седиштето во Брисел а организатор на истата беше ФИООМ - Скопје. ФИООМ - Скопје ја изврши и селекцијата на 9-те претставници од Република Македонија кои ја имаа честа да го посетат НАТО меѓу кои бевме и ние - ЦГИ. Претставник од ФИООМ во бриселската посета беше заменичката Извршен директор г-ѓа Славица Инџевска.