|
На 27.10.2004 година во посета на Центар за граѓанска иницијатива беа високи претставници на Германската амбасада во Република Македонија. Поточно наши гости беа:
Амбасадорот Д-р Irene Hinrichsen
Културниот аташе Lars Hohnheit
Оваа средба всушност претставуваше работен состанок на претставниците на Германската амбасада во Република Македонија со Центар за граѓанска иницијатива и неговите партнери. На оваа средба покрај за работата и активностите на нашата организација се дискутираше и на тема: "Децентрализацијата - позитивен аспект од локалниот економски развој".
На овој состанок со Германскиот амбасадор присуствуваа :
г-дин Гоце Тодороски - Извршен директор на ЦГИ
г-ѓа Даниела Барабанова - Администратор на ЦГИ
г-дин Сашо Пирганоски - Градоначалник на Прилеп
г-дин Борче Ристески - Претседавач на Совет на Локалната самоуправа на Прилеп
г-дин Зоран Милошески - Отворена канцелрија на градоначалникот на Прилеп
г-дин Хари Локвенец - Бизнис сектор
г-дин Илија Мургоски - Директор на Тутунска Банка - Прилеп
и сите локални новинари претставници на локални, регионални и републички електронски и печатени медиуми.
Оваа средба всушност е продолжување на традицијата на посети на амбасадори на странски држави на нашата организација.
|