Poefikasna javna administracija 2

 
 

Проектот за своја цел имаше креирање на поефикасна јавна администрација и тоа преку поедноставување на протокот на информации до граѓаните. Проектот опфати 3 јавни институции во Битола и тоа: Меѓуопштински Центар за социјални работи - Битола, Единица на локална самоуправа - Битола и Управа за јавни приходи - Битола. При реализацијата на овој проект беа користени и пренесувани искуствата од сличниот проект кој го реализиравме во Прилеп.

Имено проектот и проектните активности во Прилеп ги дадоа предвидените резултати, а во некои сегметни резултатите беа и над очекувањата. Ние како организација одлучивме да ги прошириме нашите активности и нашите искуства да ги пренесеме и на други институции и во други средини. Оваа идеја наиде на поддршка од финансисерот на овој проект, така од средината на јули 2004 година ЦГИ почна да работи во Битола. Во имплементацијата на активностите од проширувањето на овој проект беа вклучени и претставници (раководителите) од прилепските јавни институции како пренесувачи на искуства во Битола. Мониторингот на работата на јавните институции во Битола даде одлични резултати. Имено мониторинг тимот направените забелешки навремено ги достави до јавните институции вклучени во проектот, а тие преминаа кон нивно отклонување. На средбата која беше организирана за промоција на резултатите од проектот битолските јавни институции потенцираа пред присутните и медиумите кои од забелешките на мониторите ги корегирале во функција на корисниците на услугите. Проектот со битолските јавни институции почна на 15.07.2004 а заврши на 15.02.2005 година, финансиер е  Британската амбасада во Скопје, Р. Македонија.