Poefikasna javna administracija

 
 

Овој проект за своја цел имаше креирање на поефикасна јавна администрација и тоа преку поедноставување на протокот на информации до граѓаните. Проектот опфаќаше 3 јавни институции во Прилеп и тоа: Меѓуопштински Центар за социјални работи - Прилеп, Единица на локална самоуправа - Прилеп и Управа за јавни приходи - Прилеп. Имено за подобрување на работата на јавната администрација и размена на искуства беше формирано координативно тело од раководителите на институциите, а преку низа обуки и средби се остварија предвидените резултати - поефикасна јавна администрација.

        За утврдување на вистинските проблеми и недостатоци и обезбедување на нивното елиминирање формирани беа мониторинг тимови кои работеа на терен. Имено мониторинг тимовите ја надгледуваа работата на јавните службеници, нивниот однос кон граѓаните и утврдуваа методи и модели за надминување на истите.

        Резултатите од овој проект беа од голема корист на граѓаните и придонесоа кон приближување на Европските стандарди кои важат за функционирање на јавната администрација.

Проектот беше финансиран од Британската амбасада во Скопје, Р. Македонија, а периодот на реализација е  15.11.2003 - 15.11.2004.