|
Целта на проектот беше подобрување на состојбата на Ромите во Пелагонија (Пелагонискиот регион - Прилеп и Битола), посебно нивната здравствена состојба, пристапот до информации и нивото на организираност и зајакнување на капацитетите на ромските НВО во овој регион.
Пристапот за подобрување на состојбата беше остварен преку секојдневни средби со ромското население, зголемување на капацитетите на ромските НВО, формирање на тела на ниво на општини кои би воделе грижа за состојбата на Ромите, а посебно за здравствената состојба на ова население. Активности кои ги користевме за остварување на целта беа организирање на дообуки за ромските НВО, средби за разговор и дискусија со ромското население, формиравме на мониторинг тимови за набљудување на квалитетот на услуги кои ги даваат јавните институции на Ромите и изработка на извештаи, формирани и активни Координативни тела на ниво на Прилеп и Битола кои со своите активности би ја подобриле општата состојба на Ромите во овој регион.
Центар за граѓанаска иницијатива беше реализитаор на овој проект, а наш партнер во реализацијата беше ромската невладина организација Романи шукарипа од Прилеп. Финансиер на овој проект беше Фондација Институт отворено општество Македонија - Скопје, а времето на реализација на проектот беше : 01.01.2005 - 31.12.2005 година.

|