Подобрување на условите во затворите преку практикување на Националниот превентивен механизам

 
 

 

              Преку реализација на проектот, ќе придонесеме кон подобрување на условите во затворите во Македонија преку зголемување на практикувањето на НПМ (национален превентивен механизам). Владата на Македонија го ратификуваше ОПКАТ и го предодредила во членот 4 од Законот Омбудсманот да биде Национален Превентивен Механизам.

              Во соработка со и со согласност на Омбудсманот, граѓанските организации регистрирани во Република Македонија можат да превзмат некои од одговорностите на националниот превентивен механизам и затоа ЦГИ ќе иницира отворени состаноци меѓу релевантните заинтересирани страни со цел да се зголеми транспарентноста на процесот и да направи отворена селекција на организации кои ќе бидат вклучени во НПМ.

              Со овој пристап, ќе придонесеме кон транспарентност на процесот на селекција на релевантни заинтересирани страни за учество во НПМ за да на крајот од интервенциите бидат детерминирани процедурите за вклучување во НПМ и  ќе биде направена официјална селекција на граѓански организации кои ќе можат да превземат некои од одговорностите на НПМ.

            Преку иницирање на процесот на создавање и детерминирање на процесот на НПМ, релевантните заинтересирани страни ќе придонесат кон примена на човековите права за личности кои се наоѓаат во местата на затворање.

              За оставрување на поставените цели ќе организираме отворени состаноци со релевантните заинтересирани страни за вежбање и иницирање на НПМ  со цел  подобрување на условите во затворите. Ќе се врши трансфер на знаења со држави од регионот, како Албанија каде што овој процес е чекор понапред. Ќе се формира група за посета на затворите која ќе подготви извештај кој ќе го презентира на национална конференција на која ќе се промовираат резултатите кои ќе ги донесе проектот.

              Проектот се реализира во периодот од 1.06.2009 – 30.11.2009 година, а финансиран е од Германската амбасада - Скопје