|
Со проектот ќе се помогне процесот на помирувањето во земјите од Западен Балкан, и тоа Македонија, Албанија, Косово и Босна и Херцеговина за да се зајакне подобрувањето на меѓуетничките односи како основен развоен фактор.
Процесот на помирување ќе биде помогнат со анализирање на извештаите за рано предупредување на УНДП преку организирање на регионални тркалезни маси со авторите/експертите, НВО, претставници од политички партии, претставници од училишта и медиуми за да се преземат иницијативи во обезбедување на советодавни политики до ЕУ институциите. Ќе се креираат препораки и механизми за помирување на Балканот за да бидат презентирани на ЕУ институциите. Ќе им се помогне на владите и креаторите на политиките во избраните земји.
Проектот преку своите активности како резултати ќе донесе: организирани 2 регионални тркалезни маси, организирана конференција во просториите на Европската Комисија, креиран прирачник за механизми за помирување со регионални препораки за имплементација и развиени советодавни политики за имплементација и мониторинг на креираниот механизам за помирување кој ќе биде претставен на владите и ЕУ институциите.
Проектот се реализира во периодот од 17.03.2009 – 17.01.2010 година, а финансиран е од Европска Комисија, Инструмент за стабилност, Градење на мирот – Партнерска поддршка

|