|
Овој проект се реализираше преку SEE RAN мрежата, финансиран од Royal Danish Ministry of Foreign Affairs, NAB програмата и SEE RAN, а во неговата имплементација се вклучени Центар за граѓанска иницијатива (ЦГИ) од Прилеп - Македонија, и Албанскиот центар за човекови права (АЦЧП) од Тирана – Албанија.
Во Македонија поточно во општините Прилеп и Долнени беа избрани пилот училишта каде што се работеше на воспоставување на човекови права во сите предмети. Целите на нашите активности беа Интеграција на човековите права во наставата и позитивните аспекти за разликата на културите интегрирани во школските предмети.
Проектот опфати средини со мешана етничка популација, и обезбеди тренинзи за ученици и наставници во овој регион. Во рамките на проектот се оствари посета на училиште во Албанија каде човековите права се дел од целокупната настава изработи прирачник за наставници.
Овај проект и неговите активности придонесоа кон регионален мир и стабилност и претставува пример за позитивно и успешно користење на културните разлики за зближување помеѓу заедниците.
Проектот беше финансиран од страна на Royal Danish Ministry of Foreign Affairs, NAB програмата и SEE RAN, а се имплементираше во периодот од 01.11.2005 до 31.10.2006
|