|
Овој проект имаше за цел трансфер на искуства. Истиот се реализира во две фази и на два простори, најнапред во Украина, 05 - 09 април 2004 година , а потоа во Македонија 30 август - 3 септември 2004 година.
Реализација на првата фаза:
Проектот Партнерство на заедниците го реализира Украинската НВО Доброчин Центар. Финансиран е во рамките на Програмата Исток Исток - на Институт отворено општество - Киев. Проектот предвидуваше имплементација на една фаза - трансфер на искуство на македонскиот партнер - Центар за граѓанска иницијатива.
Тим на нашата организација беше во работна посета на Украина од 04-08.04 2004 година.
Важно е да се истакне дека посетата беше многу важна и корисна поради фактот што некои модели што функционираат во Локалната самоуправа - Украина можат да бидат корисни во Локалната самоуправа во Македонија. Стекнатите искуства се посебно важни за ставање во пракса на новиот Закон за локална самоуправа во Македонија.
Искуствата исто така ќе придонесат за развој на партиципативна демократија во Македонија - преку примерот на моделите на Месните заедници.
Реализација на втората фаза:
Втората фаза предвидуваше тренинг програма за две различни целни групи: персоналот на Центар за граѓанска иницијатива (дводневен тренинг за ISO стандардите) и претставници од НВО, Месните заедници и Локалната самоуправа (тридневен тренинг за развој на соработката и трансфер на искуства). Гостите од Украина своите исксутва ги пренесуваа во периодот 30 август - 3 септември 2004 година во Прилеп.
Планот за реализација на втората фаза дојде како резултат на реализацијата на првата фаза. Истиот се разви откако се добија сите релевантни информации од студиската посета. Беше идентификуван како потреба да се обезбедат два типови на тренинг: еден за персоналот на ЦГИ и вториот за организации од различен карактер: НВО, Месни заедници и Локална самоуправа. Причина за правење на ваков план беше да се примени во пракса она што го видовме во Прилуки и Славутич како позитивен и практичен модел на работа.
Ова всушност беше партнерски проект со Центар за социјална работа "Доброчин"- Чернигив – Украина, кој беше финансиран од програмата Исток - Исток на Фондацијата Институт отворено општество Македонија - Скопје.
|