|
“Мирот не е само отсуство на војна. Оваа ситуација не ги задоволува критериумите за градење на безбеден и стабилен регион. Постои голема потреба за воведување на културна различност и запознавање со позитивните аспекти од истото. “
Проектот ги адресираше наставниците и учениците од основното училиште “Лирија“ од Житоше (етнички мешана средина) и опфати активности насочени кон човековите права, со посебен акцент на културната различност како важен дел за развој на мирољубиво и стабилно демократско општество.
Главна цел на проектот беше да воспостави култура каде човековите права ќе бидат разбрани, заштитетни и почитувани.
Активностите кои се реализираа во склоп на проектот беа насочени и придонесоа во превенцијата на конфликти и креирањето на креативен дијалог и соработка помеѓу учениците и наставниците од различни етнички заедници. Активностите во склоп на проектот ги собраа на едно место младите луѓе од различна националност (со посебен акцент на Македонците и Албанците), каде тиа работеа заедно за заедничка иднина, подобрувајќи ги своите способности и вештини во областа на човековите права со цел да придонесат за подемократско општество.
Проектот се реализира во периодот од 01.08.2006 до 31.12.2006, a бешe финансиран од UNDP.

|