|
Искуството за работа во доближување на културните разлики преку психо-социјални работилници и со познати целни групи: настваници и деца беше пресудно за работа на овој проект. Проектот беше финансиран од данската фондација Фреста преку СЕЕ Ран мережата, а беше реализираме со нашите партнери: Албанскиот рехабилитационен центар за траума и тортура (АРЦТ) од Тирана – Албанија, Косовскиот рехабилитационен центар за траума и тортура (КРЦТ) од Приштина – Косово и Меѓународната мрежа за помош (ИАН) од Белград – Србија и Црна Гора.
Развивањето алатки и методи за работа во училиштата за доближување на етничките заедници го проектиравме низ неколку чекори и тоа обуки за наставници, организирање на тркалезни маси, подготовка и употреба на прирачник и дополнителни едукации како и практична работа во училишта во Прилеп и Тирана. Резултатите од нашата работа покажуваат дека интересот кај просветниот персонал е евидентен и дека овој модел - метод на работа може да стане дел од секојденваната наства во училиштата.
Проектот беше финансиран од страна на данската фондација ФРЕСТА, а се имплементираше во периодот од 01.11.2005 до 30.06.2006.
|