|
Во текот на месец март 2006 бевме посетени од страна на Програмскиот офицер во холандската фондација Cordaid - наш стратешки донатор што го финансира институционалниот развој на ЦГИ од 2000 година до денес. Оваа беше втора посета на Програмскиот офицер во ЦГИ со цел да го согледа степенот на напредок на ЦГИ, степенот на самоодржливост како и да се запознаа со стратегијата и идните планови на нашата организација. Посетата на Програмскиот офицер беше искористена за презентација на предлогот за регионален проект на ЦГИ во партнерство ТАЛДИ од Босна и Херцеговина, за размена на искуства од областа на децентрализацијата и локалниот економски развој.
На обострано задоволство на Програмскиот офицер и тимот на ЦГИ, посетата беше продуктивна и создаде простор за размена на искуства како и презентација на нови идеи.
|