Poseta na SAD

 
 

Во склоп на проектот јакнење на партнерствата на локалната заедница нашиот програмски координатор Лидија Ангелкова во текот на месец април 2006 година имаше студиски престој во САД. Таа всушност беше дел од групата од 16 лидерски невладини организации чиј престој во САД го организираше УСАИД.

    Ангелкова за време на престојот во САД, учествуваше во специјално дизајнирана тринеделна програма за застапување на Институтот за Застапување од Вашингтон, САД. Програмата понуди размена на искуства со претставници на релевантни институции кои работат во сферата на граѓанското општество и застапувањето како и посета на Конгресот на САД во Вашингтон и размена на искуства со персоналот на конгресмените Mark Souder и  Eliot Engel.

    Како дел од програмата Ангелкова имаше посета во Амбасадата на Република Македонија во Вашингтон како и посета на организации-досегашни или идни партнери и донатори на ЦГИ како НЕД и Лига на жени гласачи.