|
Малолетничките бракови и малолетните мајки се секојдневие во ромските заедници во Пелагонискиот регион во Македонија. Овој проект и неговите активности делуваа во два правци:
- помош на малолетните мајки
- едукација на населението за намалување на бројот на малолетни мајки.
Активностите во овој проект за остварување на целта беа подделени на три групи и тоа:
- Обезбедување на документи односно здравствени книшки и изводи од матичната книга на родените, за малолетните мајки Ромки и нивните деца.
- Во едукативниот дел на проектот се одржаа 8 тркалезни маси во ромските заедници. Тркалезните маси вклучуваа ромски НВО кои работат на подобрување на животот во ромските заедници, граѓани од оваа заедница и малолетни мајки.
- Печатениот материјал во овој проект имаше две цели и тоа да влијае мотивирачки и едукативно врз ромското население, а најконкретно врз малолетните мајки во ромските заедници во Прилеп и Битола.
Целта на овој проект беше подигнување на јавната свест во однос на последиците од предвремените бракови во ромската заедница и обезбедување на здравствена помош на малолетни мајки во Прилеп и Битола. А резултатите кои ги донесе овој проект се
|
- Одржани 11 тркалезни маси во Прилеп и Битола за репродуктивно здравје.
|
|
- Извадени документи за деца и малолетни мајки.
|
|
- Гинеколошки прегледи за 25 Ромки, малолетни мајки.
|

Проектот беше финансиран од Австралиска Амбасада, Белград - Србија и Црна Гора, а се реализраше во периодот Септември - Декември 2005.
|