|
Целта на овој проект беше преку градењето на капацитетите на месните заедници да се охрабри граѓанското учество во процесот на донесување на одлуки во градот Прилеп.
Активностите на проектот беа во функција на јакнење на капацитетите на месните заедници од Прилеп преку едукативна програма, за Проектен циклус менаџмент, конкретно за изработка на проекти користејќи зиг-зак методологија, иницирање на мали проекти кои ќе бидат подготвени и реализирани од месните заедници, иницирање на соработка помеѓу локалната самоуправа и месните заедници, информирање на граѓаните за улогата на месните заедници и нивно активно вклучување во функционирањето на месните заедници од Прилеп.
Резултати кои ги донесе проектот се:
- Едуцирани 13 месни заедници за Проектен циклус менаџмент (теорија и практика) преку зиг-зак методологија.
- Изградени капацитети на 13 месни заедници;
- Воспоставена соработка помеѓу месните заедници и локалната самоуправа;
- Иницирани активности во месните заедници, најдобрите 3 беа потенцирани како позитивен пример, и обезбедени средства за нивна реализација;
- Информирана јавност за суштинската функција на месните заедници.
Проектот се реализира во периодот 01.07.2005 – 30.06.2006, а финансиер на овој проект е German Marshal Fund,програма на Balkan Trust for Democracy
|