|
Во март 2006 година во ЦГИ престојуваше експерт на британската НВО МАНГО кој за дел од персоналот на ЦГИ одржа обука за финансиско работење. МАНГО е успешна и препознатлива организација на европско ниво која работи на јакнење на НВО во Европа и Африка во областа на финансискиот менаџмент. МАНГО има развиено палета од алатки и инструменти за финансиски менаџмент на Универзитетот во Оксфорд, Велика Британија. Инволвираноста на еминентни универзитетски стручњаци од Универзитетот во Оксфорд во креирањето на програмата и материјалите за работа на МАНГО е доказ за високиот квалитет на испорачаните тренинзи на оваа институција.
Со оваа обука персоналот на ЦГИ е со зголемени капацитети за административно и финансиско работење и е во состојба да своето знаење покрај применувањето во секојдневната работа го пренесува во вид на предавања и обуки и на други организации и институции.

|