НАЦИОНАЛНА КОНФЕРЕНЦИЈА

Структурален пристап кон трговијата со луѓе во Македонија

              На 30 ноември 2007 година во просториите на хотел Амбасадор М во Скопје ЦГИ беше домаќин на Национална конференција на тема : Структурален пристап кон трговијата со луѓе во Македонија.

              Почесното отварање на конференцијата беше од страна на Г – дин Гоце Џуклески, Национален координатор за интегрирано гранично управување во рамките на МВР на Р. Македонија.

              На конференцијата зедоа учество покрај многубројните домашни НВО, и меѓународни организации како ИОМ,  ОБСЕ, УСАИД и претставници од Министерството за внатрешни работи на РМ, Министерството за труд и социјална политика и медиуми.

              На конференцијата се дискутираше за придонесот на граѓанскиот сектор и медиумите во борбата против трговијата со луѓе во Македонија, како и за институционализиран модел на Македонија во борбата против трговија со луѓе и гланите предизвици за подобрување на соработката помеѓу институциите во Македонија кои работат на проблемот на трговија со луѓе.

              За таа цел свој придонес на оваа конференција дадоа Г- ѓа Верица Стаменкова Трајкова, претседател на НВО „За среќно детство„, Г- ѓа Санија Бурагева, Главен инспектор од Секторот за трговија со луѓе и Претседавач на Подгрупа за трговија со деца при Министерството за внатрешни работи на Р.Македонија, Г- ѓа Елена Грозданова, Државен советник на секторот за еднкви можности при Министерството за труд и социјална политика и Г – дин Саше Димовски, Новинар во ТВ Канал 5.