Mre`i i koalicii

 
 

Мрежи во кои ЦГИ е вклучеna:

 

ЦГИ статусот во наведените мрежи:

 

SEE - RAN

        SEE RAN e мрежа на организации за помош на бегалци во Босна и Хецеговина, Хрватска, Црна Гора, Србија, Косово, Албанија и Македонија. Преку регионална соработка и заеднички проекти, SEE RAN има активна улога во обезбедувањтто на подобра околина за расселените лица на Балканот.
Во SEE RAN мрежата, ЦГИ учествува во Психо sоцијалниот оддел (КAT Група)
        Главни елементи на психо социјалниот Оддел се: зајакнување на капацитетите на НВО, дирекна помош на корисниците, промоција на важноста од едукација за мир и толеранција.
        КAT (Културни Аспекти на Траума) групата работи на дизајнирање, развој и имплементација на инструменти и механизми кои би требало да го реставрираат социјалното миље, на тој начин што секоја индивидуа би уживала целосно почитување на човековите права во стабилна и мирна средина.

05-06 Март, тирана, Албанија - Состанок на КAT групата (SEE RАN мрежа, ПС Оддел)
На состанокот беа истакнати најважните точки на веќе релизираните пилот активности и што би можело да се релизира во иднина.

21-22 Мар, 2005 Сарајево, Босна и Херцеговина- SEE RAN Основачко Собрание
Состанокот беше организиран за идната стратегија на мрежата како и за процесите за одржливост на SEE RAN мрежата.

16-17, Април 2007, Охрид, Македонија, Трениг за зајакнување на капацитетите
" Финансиска Самоодржливост" (SEE RАN мрежа, ПС Оддел)
На првиот ден од тренингот членовите на Психо социјалниот оддел на SEE RАN мрежата учествуваа на тренинг за финансиска самоодржливост, додека вториот ден учесниците изработија стратешки план за одржливост на ПС одделотво рамките на SEE RАN мрежата.

18, Април, Охрид, Македонија, "Стратегија за КAT 2005-2007" SEE RАN мрежа, ПС Оддел)
Имајќи ги во предвид резултатите од реализираните претходни проекти како и искуството во психосоцијални интервенции, членовите на КAT групата изработија драфт верзија на иден план на активности.
 

 на почеток...

Доста е

 

ДОСТА Е  е граѓанска акција започната од страна на стотина здруженија на граѓани што работат во Македонија. Таа нема национален карактер и зад неа не стои ниедна политичка  партија. Граѓанскиот концепт на живеење со сите обврски и одговорности што тој ги носи е интерес на оваа мрежа. Стратегијата е социјално - економскиот напредок на заедницата без учество во власта.

ЦГИ е официјало членка на оваа мрежа од 2001. Оваа мрежа е национална (државна) и е формирана за време на кризата во 2001 год. со цел запирање на воениот конфликт. Доста е прогресира во мрежа која денес не ги адресира само етничките прашања но и прашања поврзани со проблемите кои потекнуваат од генералната состојба во Р. Македонија.

ЦГИ е активно вклучена во активностите на Доста е преку активно учество на регионалните и националните состаноци и активности.

 Контакт (одговорно лице од ЦГИ за Доста е)

Игор Тасевски

igor@cgimk.org.mk

 на почеток...

Граѓанска платформа на Македонија

Во време кога општеството и општественото живеење се најде во криза, недостаток на идеи и иницијативи, а мислењето за невладините организации, без разлика на нивниот профил, во очите на граѓаните почна да опаѓа се почувствува потреба за јакнење на секторот. Јакнењето на (влијанието на) граѓанскиот сектор и актерите на граѓанскиот сектор беше основа група граѓански организации и индивидуалци во јули 2003 да иницираа воспоставување  платформа на граѓански организации во Македонија,која се наметна како неопходна. Идејата на оваа група беше да се формира платформа  која ќе тежнее да го зголеми капацитетот на граѓанскиот сектор и способноста за негова мобилизација, базирајќи се на принципите на отвореност, расправа и акција, плурализам и непристрасност.

Центар за граѓанска иницијатива согледувајќи ја реално потребата од поврзување на граѓанските организации во Македонија во една заедничка акција за постигнување на видливи резултати во општеството застана зад оваа идеја и работеше на нејзино екипирање и промовирање.

На 16 март идејата за платформа на граѓанските организации се оживотвори, се формира ГПМ. Гледајќи од дистанца кога оваа идеја беше во зародиш, моменталната состојба со платформата само може да не охрабри бидејќи истата е поставена на здрави темели. Едноставно идејата евалуираше и сега имаме платформа  која почива на повелба на принципи кои пак Платформата ја дефинираат како отворено место за размислување, без намера да биде ексклузивно тело кое ќе го претставува македонското граѓанско општество, туку има намера да го зголеми капацитетот на граѓанскиот сектор и способноста за мобилизација на граѓанското општество. Платформата има светла иднина ако сите кои ќе пристапуваат во неа тоа го направат за развој на граѓанското општество, а не само да бидат членови на уште една платформа, мрежа, коалиција и слично.  

Очекувањата се дека Граѓанската платформа на Македонија всушност ќе го зајакне граѓанското општество, односно ќе вкорени и обезбеди негова организираност и постојаност. Оваа платформа ќе обезбеди поголема компактност на македонските граѓански организации бидејќи истата е потребна. Оваа платформа ќе трага по одомаќинети вредности, концепти и практики на граѓанското општество и ќе ја поттикнува нивната изградба бидејќи граѓанските организации и иницијативи се делотворни само ако се во домашна сопственост и ако се вкоренети во општеството. Платформата се очкеува да биде процес што ќе ги охрабрува сите чинители на граѓанското општество.

На седницата на Советот на ГПМ одржана на 14 април 2006 година со мнозинско гласови, Советот како највисоко тело на Платформата на ЦГИ му ја додели улогата да наредните 2 години го води секретаријатот на ГПМ.

 

на почеток...

НВО Контакт група за разоружување

НВО КГР е неформална мрежа на НВО, иницирана од Цивил и Пакс Кристи во 2003 година и ги има следните цели и задачи:

 
  • Да прибира информации за активностите, проектите, програмите, ставовите итн. од сите организации активни во областа на процесот на разоружување во Македонија и регионот, информациите да ги дистрибуира до сите организации – членки на НВО КГР, како и до јавноста на медиумите;
 
  • Да придонесе кон јакнење на членството;
 
  • Заеднички настап кон донатори;
 
  • Организирање, координација и заедничко изведување на проекти.

Обврските на организациите – членки на НВО КГР се следните:

 
  • Редовно да се информираат за своите активности во областа на процесот на разоружување;
 
  • Да објавуваат информации на своите веб страници за активностите на поедини организации и на целата мрежа;
 
  • Да воспоставува контакти со локалните медиуми и локалните власти и да ги информираат за постоењето на НВО КГР и за активностите од областа на разоружувањето;
 
  • Да пружаат организациска и логистичка поддршка на другите организации – членки на НВО КГР.

 

на почеток...

Авалон

Авалон мрежата ги спојува и е отворена за соработка со владините институции, НВОи, истражувачките институти и бизнис секторот во полето на органското земјоделство, биолошката различност, земјоделската животна средина и одржливиот рурален развој.

www.avalon.nl/network


Главната цел на мрежата е да изгради и да ги зајакне институционалните капацитети за органско/одржливо земјоделство и политика за развој на земјоделската животна средина во земјите на Централна и Источна Европа и пошироко со цел да се промовира одржливиот рурален развој.

на почеток...

 

Триалог

ТРИАЛОГ е мрежа на НВО со цел да ја развие свеста за прашања од развоен карактер во новите земји членки на ЕУ и да го зајакне дијалогот и партнерството помеѓу развиените НВОи во земјите кадидати за членство во ЕУ, земјите членки на ЕУ и земјите во развој.

www.trialog.or.at

Цели на ТРИАЛОГ:

    Триалог го помага вклучувањето на НВО од новите земји членки на ЕУ во CONCORD , Европска конфедерација за помоши развој.

    Ги поврзува невладините организации од новите земји членки на ЕУ со релевантни мрежи на НВО и клучни партнери од развиенитеземји.

  Обезбедува  можности за зголемувае на вмрежувањето, размена на информациите, меѓусебно учење, партнерство заеднички проекти помеѓу НВО од ЕУ, новите членки, кадидати за членство и земјите во развој.

на почеток...