|
Проектот "Мониторинг на процесот на децентрализација" беше уште еден партнерски проект на национално ниво, во реализација на Центар за граѓанска иницијатива на регионално ниво и Асоцијација за демократска иницијатива од Гостивар како водечки партнер. Проектот се реализираше на ниво на Република Македонија во неколку градови. Целта на проектот беше да се направи анализа на спроведувањето на процесот на децентрализација во Република Македонија, поточно колку тоа што е напишано се оживотворува и да се види колку време треба за сето тоа да биде во целост исполнето. Ваквата анализа на крајот на проектот придонесе за развивање демократските процеси во земјата и враќање на довербата во институциите на системот, а уште повеќе во спроведувањето на законските и подзаконските акти.
Овој проект со реализација започна во јули 2004 година, а заврши во јуни 2005 година. Финансиер на овој проект беше америчката фондација НЕД (National Endowment for Democracy) од Вашингтон.
|