|
Овој проект се реализираше на ниво на Република Македонија во неколку градови. Целта на проектот беше да се направи анализа на спроведувањето на рамковниот договор во Република Македонија, поточно колку тоа што е напишано се оживотворува.
Ваквата анализа на крајот на проектот придонесе за развивање на демократските процеси во земјата и враќање на довербата во институциите на системот, а уште повеќе во спроведувањето на законските и подзаконските акти.
За успешна реализација на проектот се вршеше мониторинг на работата на јавните институции, односно колку она што е предвидено во Рамковниот договор се применува. Најчесто истражувањата беа на тоа дали во институциите има вработено претставници од националностите кои живеат во таа средниа, потоа дали се почитуваат законските одредби за почитување на употребата на законот на малцинствата и слично. Проектот содржеше месечни извештаи од мониторингот, јавни трибини низ градовите на кои присуствуваа политичари, новинари, претставници на НВО и граѓани на кои се разговараше за имплементацијата на рамковниот договор, а беа презентирани и резултатите од Мониторингот.
Проектот "Мониторинг на имплементација на рамковниот договор" е уште еден партнерски проект на национално ниво, во реализација на ЦГИ на регионално ниво и Асоцијација за демократска иницијатива од Гостивар, како водечки партнер.
Овој проект со реализација започна на 15 ноември 2002 година, а заврши на крајот од 2003 година. Финансиер на овој проект беше американската фондација НЕД (National Endowment for Democracy) од Вашингтон.
|