Mladite se borat protiv trgovijata so lu|e preku aktivnosti vo nastavata vo Makedonija i Albanija

 
 

             „Младите се борат против трговијата со луѓе преку активности во наставата во Македонија и Албанија“ е проект кој Центар за граѓанска иницијатива - Прилеп го реализира партнерски со Албански центар за човекови права  од Тирана, Албанија, со финансиска поддршка од ifa, Zivik , project.

Нашата цел во овој проект беше да ги информираме младите за овој глобален феномен со цел да се намали бројот на млади лица со кои се тргува во Македонија и Албанија и да се создаде здрава средина за живеење на младите. Исто така целта ни беше преку едукации да ги научиме младите да се заштитат и посветат себе си кон нивно општество ослободено од конфликти, малтретирање и страдања.

Нашата работа беше насочена кон едукација и информирање, а работевеме во рурална и урбана средина.

  • Едуциравме 20 наставници и 20 ученици за превенција од трговија со луѓе
  • Организиравме размена на посети и иксуства помеѓу наставници од Македонија и Албанија
  • Организиравме студиски посети за претставници од Министерства за образование со цел да се видат ефектите од реализацијата на проектот, и да се направи анализа на потребата за примена на превенцијата од трговија со луѓе во редовниот образовен процес.

Со реализацијата на активностите им се овозможи на учениците да се здружат во два училишни клубови, каде имаа можност да творат и да подготвуваат инфо кампањи за превенција од трговијата со луѓе, подготвувајќи три броја на училишен весник. Наставниците беа поттикнати да посветат дел од својата работа на едукација на учениците за трговијата со луѓе, тема која има потреба да биде обработувана во самиот образовен процес.

         Проектот се реализираше во периодот од 01.01.2008 - 31.12.2008 година. Финансиран беше од  ifa Project Zivik, Federal Foreign Office and Institute for Foreign culture Relation, Германија