Македонските ученици учат за трговијата со луѓе

 
 

         Трговијата со луѓе е феномен кој постои во целиот свет и секоја година неколку илјади лица стануваат нејзини жртви. Како резултат на случајни фактори, вклучувајќи ја и економската нестабилност и падот на животниот стандард, мрежата на криминалот наоѓа плодно тло за развој на своите нелегални активности. Ниското ниво на јавната свест и непознавањето на последиците и ефектот од овој феномен го комлетираат ова сценарио и уште повеќе го зголемуваат делувањето на трговците со луѓе во овој регион.

            Бидејќи една од програмите на делување на ЦГИ е заштитата на човековите права, се посветивме на работа на овој нов предизвик за нас, со цел превентивно да делуваме на пошироката јавност за согледување на овој проблем и изнаоѓање на превентивни мерки за заштита од трговијата со луѓе, како и да дадеме свој придонес кон реализацијата на Националниот Акционен План за превенција од трговија со луѓе и илегална миграција во Република Македонија.

            За таа цел ја започнавме реализацијата на овој проект во партнерство со Сигурна женска куќа од Подгорица, Црна Гора.

             Целта ни беше да ги инфомираме младите луѓе за комлексноста на овој брзо растечки феномен, превентивно да делуваме на нив и да ги заштитиме од опасноста од запаѓањето во огромниот синџир на трговијата со луѓе. Исто така нашата цел беше надоградување на нашите капацитети за овој проблем, како и надоградба на знаењата на социјалните работници и граѓанскиот сектор.

             Започнавме да работиме на едукација за превенција од трговија со луѓе со Центрите за социјална работа, граѓанските организации и средношколската младина и спроведовме информативна кампања во средните училишта за превенција од трговија со луѓе.

Со активностите во овој проект овозможивме едукација и градење на капацитетите за превенција од трговија со луѓе на 40 претставници од НВО и 20 социјални работници од Прилеп, Битола, Охрид и Струга.

             Спроведовме информативна кампања која опфати 600 средношколци од Прилеп, Охрид и Струга со цел нивно информирање за трговијата со луѓе, како и едукација на 75 средношколци од опфатените градови за превенција од трговија со луѓе.

 Преку овој проект ЦГИ даде свој придонес во препознавањето и разбирањето на основните форми за превенција од трговија со луѓе, како и мотивирање на младите активно да се вклучат во борбата против трговијата со луѓе.

              Проектот се реализираше во период од 01.10.2006 – 01.10.2007. Финансиран беше од Geneva Global.